Мемети: Селективната правда е сè поприсутна

29.03.2018 15:59

Презентиран годишниот извештај за степенот на обезбедување, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2017-та година.

Нема подобрување во заштитата на човековите права, оцени народниот правобранител Иџет Мемети. Вели, граѓаните освен за проблемот со партизираната и непрофесионална јавна админстрација на централно и на локално ниво, најмногу се жалат дека селективната правда е сè поприсутна.

Презентиран годишниот извештај за степенот на обезбедување, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2017-та година.

Се поприсутна селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво, се сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, и популистички и неприменливи правни прописи што дополнително го отежнуваат остварувањето на човековите слободи и права, констатирал Народниот правобранител.

Лани Народниот правобранител работел на 4.185 преставки, при што биле костатирани 1.137 повреди на човековите слободи и права. За 970 случаи оној што ја направил повредата ги прифатил забелешките на Народниот правобранител, за 104 постапката е во тек, а во 63 случаи и по сите преземени дејства препораките и забелешките не се прифатени.