Е- трговија

Добра регулатива, мал интерес за тргување преку интернет

29.03.2018 16:02

Регулативата е добра, мрежата е развиена, но сѐ уште е мал интересот за тргување преку интернет. Констатирано – треба да се работи на подигнување на свеста. Ќе се подготвува нов закон...

Само 19,5 проценти од граѓаните во земјава купуваат или продаваат преку интернет. Во Европската унија просекот е 68 насто. Од Агенција за електронска трговија велат дека имаме добра регулатива, развиена Информатичко- компјутерска технологија, доволен број на издадени платежни картички, но сѐ уште мала електронска трговија.

Според податоците на Народната банка на Македонија, според индексот на е- трговија, Македонија се наоѓа на 45 место од 130 земји во светот, трета на Балканот. Интернет банкарство користат само 8 проценти.

Министерот за информатичко општество вели дека се подготвува нов Закон за електронска трговија. До крајот на годината ќе се изготви и електронски регистар на населението.

Нашите државјани преку интернет најмногу купувале електронска опрема, а најмалку плаќале сметки.

 

Дијана Ценевска