МВР

Независен механизам ќе ја контролира работата на полицијата

29.03.2018 16:16

Работата на полицијата мора да биде контролирана од независен механизам, вели Министерството за внатрешни работи. Пратениците согласни дека концептот изготвен од експерти ќе донесе резултати. Домашните познавачи очекуваат надворешната контрола да има поголема кредибилност кај јавноста.

Потребен е независен и ефикасен механизам за контрола на работата на полицијата, вели државниот секретар во МВР. Тврди- изминатите години биле изместени многу етички и морални вредности на полицајците. За првпат, МВР се откажува од дел од своите надлежности.

Има политичка волја, профилирано е телото. Се очекува надворешната контрола да има поголема кредибилност кај јавноста, став на експертите.

Да бидеме критични, но и реални кога станува збор за полицајците, вели потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски. Според неа, процесот на лустрација сериозно ја нарушил довербата на граѓаните кон полицијата.

Претседателот на Комисијата за надзор на следење на комуникациите, Емил Димитриев вели дека сега е момент да се изгради механизам за контрола кој нема да зависи од промената на власта во земјава.

Експерти го изготвиле концептот за надворешен механизам за надзор на полицијата. Презентиран на првата сесија на работната група, правда слoбода и безбедност на Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија.

 

Наташа Гркова- Петрушевска