Метео: Сончево и потопло време
29.03.2018 16:18
Во Скопје температурата ќе достигне до 21 степен.

Утре во Македонија се очекува сончево и потопло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје температурата ќе достигне до 21 степен.
Во сабота ќе настапи понатамошно затоплување со повремено засилен јужен ветер, а кон крајот на денот и во недела се очекуваат врнежи од дожд.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
