Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц во Виена
Нова рунда преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе се одржи денеска во Виена. Шефовите на дипломатиите на двете држави, Димитров и Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Нимиц...

Во главниот град на Aвстрија денеска се одржува средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со посредникот на Обединетите нации за разликата на името, Метју Нимиц.
Димитров и Коѕијас треба да ги претстават нацрт- спогодбите на двете земји, а потоа во рамките на резолуциите 817 и 845 на Обединетите нации, посредникот треба да понуди сопствен документ за надминување на разликата.
Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, во пресрет на средбата со посредникот на ОН, разговорите ги почнаа со неформална работна вечера. Тие претходно повторија дека сакаат да се најде компромис и конечно да се реши спорот.
При посетата на Македонија, грчкиот министер за надворешни Коѕијас побара уставни промени, тој и натаму останува на истиот став, додека министерот Димитров изјави дека е тешко на македонскиот народ да му се објасни слеано име кое не може да се преведе на англиски јазик.
