КОСОВО
Тачи: Србија го оркестрираше инцидентот во Митровица
30.03.2018 10:25
Тачи тврди дека посетата на Косовска Митровица била по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според косовскиот претседател Хашим Тачи, апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ е оркестрирано од Србија, со цел да се предизвика проблематична ситуација.
Тачи тврди дека посетата на Косовска Митровица била по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ѓуриќ ја услови Приштина со тринеделен рок за почеток на формирање на Заедницата на српските општини. Во спротивно, Србите од Косово ќе спроведат самостоен процес, кој според него, ќе биде во согласност со домашното и меѓународното право, а и со Бриселскиот договор.
