Седница на новоформираниот Комитет за земјоделство и безбедност на храната
30.03.2018 10:35
Комитетот ќе ја следи реализацијата на мерките и проектите во агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните.

Конститутивна седница на новоформираниот Комитет за земјоделство и безбедност на храната, со кој ќе раководи премиерот Заев. Комитетот ќе ја следи реализацијата на мерките и проектите во агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните.
Во него членуваат и вицепремиерот за економски прашања, министрите за земјоделство, за здравство, за животна средина и просторно планирање, за финансии, како и директорите на Агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и за храна и ветеринарство.
