Средба Заев- Ахмети, нема официјална информација за што разговарале

30.03.2018 10:41

Неофицијално, на средбата станало збор за можните опции за евентуално проширување на владејачкото мнозинство и коалицијата...

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев синоќа во Собранието остварил средба со коалицискиот партнер во Владата, претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Нема официјална информација за што разговарале, но неофицијално станало збор за можните опции за евентуално проширување на владејачкото мнозинство и коалицијата.

Според ДУИ, ова било редовна средба, на која премиерот го информирал Ахмети за работата на Владата, а се разговарало и за потребата за нова лидерска средба.