Во Албанија: Казна за граѓаните кои војуват во странство
Со измените на Кривичниот закон, учеството на албански граѓани во војната во Сирија или слични конфликти ќе се смета за кривично дело...

Во Албанија, со измените на Кривичниот закон, учеството на албански граѓани во војната во Сирија или слични конфликти ќе се смета за кривично дело. Предлог-измените на законот како завршна верзија ги прелагаат повеќе пратеници предводени од претседателот на парламетарната законодавна комисија, Фатмир Џафај.
Со измените се предвидува казна затвор во траење од десет години за оние албански државјани кои војуваат во вакви конфликти.
„Албанските државјани, кои немаат во истовреме и државјанство на ни една завојувана страна во вооружен конфликт, кој се води надвор од теритријата на Република Албанија, во иднина ќе бидат осудени на казна затвор во траење од десет гоидни, ова е основата на предлозите кои биле подржани и од меѓународните партнери“, пренесува тиранската телевизија Топ-чанел.
Според истиот извор до сега официјално е потврдено дека на сириските боишта загинале шестмина албански државјани, но тој број може да биде многу поголем зашто нивните тела се закопуваат во Сирија, а за тоа албанската држава нема официјални податоци.
