Разговори за името

Нимиц ќе понуди сопствен документ за надминување на разликата

30.03.2018 10:46

Нова рунда разговори за разликата со името. Во Виена средба на Димитров и Коѕијас со медијаторот Нимиц. На маса двете нацрт- спогодби...

Во Виена нова рунда разговори на медијаторот Нимиц со министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас. На маса двете нацрт спогодби. Посредникот треба да понуди сопствен документ за надминување на разликата.

И Скопје и Атина сакаат достоинствено решение за спорот со името, кое ќе биде плод на компромис и на почитување на интересите на двете страни. На последната средба со неговиот колега Коѕијас во Скопје, Димитров изјави дека е недостоинствено да се прифати споено име на државата.

Грција останува на ставот- сложено име со географска одредница за севкупна употреба и промена на Уставот.

По средбата, Димитров и Коѕијас ќе реферираат за текот на разговорите.