Русија: Протерани 60 дипломати од САД
30.03.2018 11:19
Министерот за надворшени работи Лавров предупреди дека и останатите земји кои разрешија дипломатски персонал треба да очекуваат пропорционален одговор од официјална Москва.

Русија протера 60 американски дипломати и го затвори конзулатот во Санкт Петербург како контрамерка на операцијата од Вашингтон околу труењето на Сергеј Скрипал, поранешен руски шпион во Британија.
Министерот за надворшени работи Лавров предупреди дека и останатите земји кои разрешија дипломатски персонал треба да очекуваат пропорционален одговор од официјална Москва.
Британија, САД и ЕУ го обвинија Кремљ за труењето на Скрипал и неговата ќерка.
