СИРИЈА

Франција подготвена да посредува во конфликтот во Северна Сирија

30.03.2018 11:24

На средбата со Сириските демократски сили, претседателот Емануел Макрон повика на дијалог меѓу завојуваните страни.

Франција е подготвена да посредува во конфликтот во Северна Сирија, по турската офанзива против курдските борци. На средбата со Сириските демократски сили, претседателот Емануел Макрон повика на дијалог меѓу завојуваните страни.

Курдски функционер тврди дека тој ветил воена поддршка во Манбиџ за да се засили борбата против Исламска држава и да се спречи Турција да напредува кон градот, но кабинетот на Макрон одби да ја коментира информацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговите сили ќе се повлечат наскоро од Сирија откако целосно ќе ги уништат џихадистите од Исламска држава.