ФРАНЦИЈА
„Ер Франс“ откажува летови поради штрајк
30.03.2018 12:13
Вработените и натаму бараат покачување на платите за 6 проценти, и не ја неприфатија понудата на менаџментот од само 1 насто.

Поради штрајк, авиокомпнијата „Ер Франс“ предупреди дека ќе бидат откажани речиси 25 насто од летовите за време на католичкиот Велигден.
Вработените и натаму бараат покачување на платите за 6 проценти, и не ја неприфатија понудата на менаџментот од само 1 насто.
На официјалната страница предупредија дека постои голема можност да се прават измени во последна минута на распоредот на летовите.
Слични синдикални собири беа организирани и минатите два месеца, но без конкретен резултат.
