Анѓушев: Се анализираат придобивките од воведувањето повисок персонален данок
Тој посочи дека сите бројки треба да се соопштат во јавноста одговорно и врз база на анализа која, како што кажа, во моментов се изработува во Владата.

Сѐ уште се прават анализи и математички параметри, колкав е прагот на приходите што ќе се оданочуваат со повисока стапка, посочува вицепремиерот Анѓушев.
„Сметам дека треба да се направи математичка анализа и модел да се види кои ќе бидат придобивките од персоналниот данок што, секако, ќе се воведе на 18 проценти, но предмет на анализа треба да биде прагот. Таа анализа треба да биде издржана и во моментов не можам да кажам кој ќе биде прагот“, изјави Анѓушев одговарајќи на прашање по состанокот на Бизнис клубот на Општина Гази Баба.
Тој посочи дека сите бројки треба да се соопштат во јавноста одговорно и врз база на анализа која, како што кажа, во моментов се изработува во Владата.
Пред бизнисмените презентирани можностите од Планот за економски раст.
