Дипломатска криза

Заев: Да се фокусираме на градење пријателство, а не на кавги

30.03.2018 14:56

Ние не бараме членство во НАТО за некого да напаѓаме, туку да се грижиме за мирот во светот, вели македонскиот премиер...

Сите треба да се фокусираме на градење пријателство, а не на кавги, реакција на премиерот Заев на вчерашниот прес на рускиот амбасадор во земјава Шчербак.

„Остнауваме на нашата длабока желба да ги унапредиме соработката и односите со Руската Федерација. Граѓаните на двете земји може да имаат бенефит, овде живее доминантно православно население, рускиот народ е православен, имаме поврзаност, не сакаме кавги, не сакаме ова да биде сфатено како било каква провокација. Ја користам приликата да испратам позитивна порака на пријателство, затоа што ние сме мала земја, со пријатели само ќе нѐ биде“, изјави Заев.

Ние не бараме членство во НАТО за некого да напаѓаме, туку да се грижиме за мирот во светот, нагласи премиерот Заев.