Штрајкот во „Еурокомпозит“ ставен во мирување по оставката на генералниот директор
Синдикатот вели дека еден од условите за штрајк беше разрешувањето на раководството и очекуваат, според договореното со Владата во наредните шест месеци да се реши судбината на компанијата и да им се изплатаат заостанатите плати и придонеси.

Синдикатот на наменската фабрика „Еурокомпозит“ го стави во мирување штрајкот по оставката што ја поднесе генералниот директор Александар Кузески. Од понеделник вработените се враќаат на работните места.
Синдикатот вели дека еден од условите за штрајк беше разрешувањето на раководството и очекуваат, според договореното со Владата во наредните шест месеци да се реши судбината на компанијата и да им се изплатаат заостанатите плати и придонеси.
Имаат работни договори и очекуваат новото раководство да ги повлече решенијата за суспензија на членовите на Синдикатот.
Досегашниот директор Кузески ја потврди оставката и изјави ако е тоа услов, тогаш се надева состојбите во компанијата да се подобрат.
