Бизнисот бара свежи пари, МБПР да стане конкурентна
Сѐ уште се прават анализи, колкав ќе биде прагот на приходи што ќе се оданочуваат со повисока стапка, посочува вицепремиерот Анѓушев. Вели, даночната реформа мора да се примени за да има социјална правда. Бизнисмените бараат свеж капитал, Македонската банка за поддршка на развојот да стане конкурентна на комерцијалните банки...

Само со инвестиции и зголемена технолошка конкурентност, македонската економија може да постигне поголем раст. На бизнисот му се потребни свежи пари, Македонската банка за подршка на развојот да стане поконкурентна од комерцијалните банки- ова е ставот на дел од бизнисмените по средбата со вицепремиерот Анѓушев. Порачаа, Законот за државна поддршка што поскоро да го мине собранискиот филтер и да се надгради со нивните предлози.
Фактот дека Македонија има само 4,85 насто извозни компании и околу 13,5 насто увозни, наведува на заклучок дека сме локална економија- со овој став Ангеловски, сугерира, потенцијал и услови има за многу поголем економски раст, да се фати приклучок со земјите од ЕУ. И локалните власти ветуваат преку измена на деталните урбанистички планови, подобри услови за фирмите.
По реакциите за прогресивното оданочување, Владата сѐ уште прави математичка анализа над која износ, со 18 проценти ќе се оданочуваат оние што повеќе заработуваат- вели вицепремиерот Анѓушев.
Со став дека за социјална правда во државата, повисокото оданочување ќе се воведе, со овој став, Анѓушев потврди дека Владата нема намера да се повлече од оваа даночна реформа.
Сузана Фиданска- Стоевска
