КОСОВО

Харадинај им даде отказ на првите луѓе во косовската полиција

30.03.2018 15:15

Апсењето на директорот на Српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ било оркестрирано од Србија, а посетата на Косовска Митровица била по наредба на српскиот претседател Вучиќ, обвини косовскиот претседател Хашим Тачи...

Косовскиот премиер Харадинај им даде отказ на првите луѓе во косовската полиција. Апсењето на директорот на Српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ било оркестрирано од Србија, а посетата на Косовска Митровица била по наредба на српскиот претседател Вучиќ, обвини косовскиот претседател Хашим Тачи.

Ѓуриќ ја услови Приштина со тринеделен рок за почеток на формирање на Заедницата на српските општини. Во спротивно, Србите од Косово ќе спроведат самостоен процес.