Метео: Променливо време за викендот
Утре се очекува сончево топло и ветровито време со засилен, а на моменти и силен ветер од јужен правец кој што на моменти ќе надминува брзина од 80 километри на час.

Во текот на викендот во Македонија ќе настапи промена на временската состојба. Утре се очекува сончево топло и ветровито време со засилен, а на моменти и силен ветер од јужен правец кој што на моменти ќе надминува брзина од 80 километри на час.
Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде проследена со врнежи од дожд особено во западните и северните делови. Можна е и појава на грмежи.
Во недела ќе преовладува променливо облачно посвежо и натаму ветровито време со врнежи од дожд поинтензивни во утринските и претпладневните часови.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
