Одбрана

АРМ ќе се подмлади со 125 нови професионални војници

30.03.2018 15:46

Од ресорот одбрана најава дека Армијата ќе се подмлади со 125 нови професионални војници. Министерката Шекеринска вели дека служењето во АРМ не е само чест и одговорност, туку и шанса за напредување. Ова е прв конкурс годинава...

Македонската Армија ќе се подмлади со 125 нови професионални војници. Утре ќе се објави конкурсот на кој може да се пријават лица до 25- годишна возраст и со завршено средно образование, но и со веќе доброволно отслужен воен рок. Министерката Шекеринска повика на помасовно аплицирање и порача дека служењето армија не е само чест, одговорност, туку и шанса за напредување преку обука и дополнителни школувања.

Ова е прв конкурс годинава во Армијата, како дел од вкупно 375 нови вработувања на професионални војници. За десетина дена, Министерството го почнува процесот на набавка на униформи и чизми за офицерите и војниците.

Министерката го посочи вложувањето и во воените објекти. Таа во Воено- медицинскиот центар во Скопје, се запозна и со капацитетите и можностите на развој на воената установа.

Наташа Гркова- Петрушевска