Нови мерки за поттикнување на овчарството
Поддршка на овчарите, поедноставена распеделба на земјиште, намалена примена на пестициди, стратегија за осигурување. Ова се дел од одлуките на агросоветот. Мерките треба да ја подобрат сликата. Сточарите алармираат – ако побаро од овчарство имаше 50 милиони евра девизен прилив, сега едвај има 400 илјади овци...

Најавени нови мерки за поттикнување на овчарството. Надлежните најавија нов Закон за употреба на пестициди, ќе се изготвува и стратегија за осигурување. Ваква одлука донесе Комитетот за земјоделство и безбедност на храна. Од идната година ќе се децентрализираат и политиките во аграрот. Надлежноста за давање под закуп оди кај општините, кај кои ќе се поднесуваат и барањата за субвенции. 15 илјади хектари не се дадени под концесија.
Според претседателот на Здружението на одгледувачи на овци, Меџит Алити, државната поддршка е клучна. Потсетува дека земјава во минатото од овчарство остварувала девизен прилив од 50 милиони евра, сега има едвај 400 илјади овци.
Според надлежните, целта е преку ефективни политики да се постигне профитабилност во земјоделството.
Дијана Ценевска
