Земјоделство

Се укинуваат бандеролите за семенскиот материјал

02.04.2018 09:57

Се укинуваат бандеролите за увоз на семе и садници. Со измените на законот кој е во собраниска процедура важноста на издадените контролни маркички за посадочниот материјал ќе биде до истекот на рокот на траењете означен на пакувењето.

Се предлага укинување на контролните маркички, или така наречени бандероли за семињата и за посадочниот материјал од увоз.

Од денот на влегувањето во сила на овој закон, бандеролите за семињата и за садниците пуштени во трговијата ќе имаат важност до истекот на рокот на траењето означен на пакувањето.

Евиденција на садниот и семенскиот материјал беше воведена пред четири години за подобрување на контролата на пазарот, за да се спречи препакувањето на семињата, кои често беа на штета на земјоделците.

Штети во бизнисот имаат и трговците поради доцнењето на издавањето на бандеролите.

Со сегашниот закон, пратките од увоз мора да се сертифицирани и не смеат да се ставаат во продажба без контролни маркички со сериски броеви издадени од ресорното министерство.

 

Методија Трајков