Нашинците во Бугарија против промена на името

02.04.2018 10:17

Тие бараат прекинување на антимакедонските преговори за името. „Не одземајте ни ги името и идентитетот“, пишува на билбордите кои осамнаа во делови од Пиринска Македонија.

Нашинците и здруженијата во Бугарија се против промена на уставното име и се приклучуваат на кампањата на дијаспората под наслов „Нашето име е Македонија“.

Тие бараат прекинување на антимакедонските преговори за името. „Не одземајте ни ги името и идентитетот“, пишува на билбордите кои осамнаа во делови од Пиринска Македонија.

Тие го осудуваат Договорот со Бугарија, според нив со него престанува да постои македонското малцинство.