АРМ
Ден на Првата механизирана пешадиска бригада
02.04.2018 10:20
Оваа единица на АРМ е препознатлива по стекнатото борбено искуство и учеството во мировните мисии со постигнати високи резултати заедно со НАТО.

Првата механизирана пешадиска бригада ќе го одбележи својот ден во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Оваа единица на АРМ е препознатлива по стекнатото борбено искуство и учеството во мировните мисии со постигнати високи резултати заедно со НАТО.
Денеска во касарната ќе биде прогласена најдобрата единицата во рамките на Бригадата по што ќе следуваат и признанија за најдобрите војници.
На свеченоста ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал- потполковник Методија Величковски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и команданти на команди и единици во Македонската армија.
