Пекинг

Кина воведе царини за 128 американски производи

02.04.2018 10:24

Одлуката е контрамерка на тарифата од САД за челик и за алуминиум.

Кина воведе царина од 25% за 128 американски производи, вклучувајќи и свинско месо и овошје. Одлуката е контрамерка на тарифата од САД за челик и за алуминиум.

Од Белата куќа претходно најавија дека со царината ќе бидат опфатени речиси 60 милијарди долари увезена кинеска стока, што ги вознемири светските финансиски пазари, но и официјален Брисел.