ВАШИНГТОН

Трамп: Мексико да ни помогне на границата

02.04.2018 11:53

И по неколкумесечните преговори меѓу Белата куќа и пратениците од двете страни, се уште нема договор за заштита на корисниците на програмата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп бара помош од мексико на заедничката граница поради бранот доселеници кои сакаат да ја користат програмата дака за заштита од депортација на имигрантите кои како деца влегле  на американската територија.

И по неколкумесечните преговори меѓу Белата куќа и пратениците од двете страни, се уште нема договор за заштита на корисниците на програмата.

На Твитер, Трамп се закани дека мора да се спречи приливот на дрога и луѓе, за да не биде запрен Северноамериканскиот договор за слободна трговија.