Груевски на средба со Хејг и Филе

24.02.2014 17:04

На средбите се разговарало за искористување на потенцијалите за економски развој на регионот, како и за одржување на напредокот...

Премиерот Никола Груевски во Лондон, на маргините на форумот на Европската банка за обнова и развој, се сретна со министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг, и со еврокомесарот Штефан Филе.
 
На средбите се разговарало за искористување на потенцијалите за економски развој на регионот,  како и за одржување на напредокот.

Хејг истакнал дека обединетото кралство посакува европски интегриран регион. Со премиерот Груевски размениле мислења за повеќе актуелни теми од регионално значење.