Словенечкиот премиер од утре во посета на Македонија
02.04.2018 13:05
Целта на посетата на словенечкиот премиер е реафирмирање на традиционално добрите и пријателски односи на двете држави...

Утре во дводневна посета на Македонија пристигнува словенечкиот премиер Миро Церар. Тој доаѓа по покана на премиерот Зоран Заев.
Целта на посетата на словенечкиот премиер е реафирмирање на традиционално добрите и пријателски односи на двете држави, унапредување на економската соработка и разговори за евроатланската перспектива на Македонија и Западниот Балкан.
