Димитров на поединчени средби со државниот врв
По состанокот со Нимиц и Коѕијас во Виена, шефот на дипломатијата Димитров денеска на поединечни средби со државниот врв на кои ќе ги запознае со текот на разговорите. Димитров ќе има средби и со лидерите на клучните партии. Наредните разговори со Коѕијас, веројатно по Велигден...

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на поединечни средби денеска ќе ги запознава претседателот Иванов, премиерот Заев и спикерот Џафери за текот на разговорите за разликата за името што се одржаа минатата недела во Виена.
Потоа се најавени и средби со лидерите на клучните партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Мицкоски и Ахмети.
Во наредната недела се очекува и нова рунда разговори меѓу Димитров и Коѕијас за што грчкиот шеф на дипломатијата изјави дека на состанокот може да има сериозно придвижување.
