Комисијата го демантира Каевски
Членовите Јовица Ивановски, Николина Андова-Шопова и Тихомир Јанчовски ја демантираат вчерашната изјава на директорот на Агенцијата, Каевски тврдејќи дека за информациите што се објавени ниту се консултирани ниту запознаени.
Од Комисијата која правела избор на млади поети во случајот со скандалозната стихозбирка издадена од страна на Агенцијата за млади и спорт, велат- немавме увид во идентитетот на авторите.
Членовите Јовица Ивановски, Николина Андова-Шопова и Тихомир Јанчовски ја демантираат вчерашната изјава на директорот на Агенцијата, Каевски тврдејќи дека за информациите што се објавени ниту се консултирани ниту запознаени.
Комисијата само ги разгледала делата и ги избрала песните за наградување. Таа немала обврска да направи селекција за пристигнатите песни, околу 80-тина од кои се објавени само 44.
Од ова тело велат- не биле консултирани кои песни би можеле да влезат во изборот за книгата. Уште еднаш како жири комисија, членовите се оградувааат од скандалозните содржини вклучени во збирката, се вели во нивниот допис.
