РЕГИОН

Црна Гора: Зачестени судири меѓу криминални банди

02.04.2018 14:06

Во последниот напад во центарот на Подгорица има жртва и повредени. Се претпоставува дека инцидентот е пресметка меѓу два клана.

Советот за национална безбедност на Црна Гора најави формирање на заеднички специјализирани тимови за поефикасна борба против организираниот криминал поради нарушената безбедносна ситуација и зачестените судири.

Во последниот напад во центарот на Подгорица има жртва и повредени. Се претпоставува дека инцидентот е пресметка меѓу два клана.

Пред два дена, во експлозија настрада лице поврзано со криминална група од Бар. Бомба беше поставена и пред дом на црногорски новинар.

Во последните пресметки загинаа дваесетина луѓе, а во изминатите триесет дена во црногорската престолнина имало шест бомбашки напади.