АРМ

Одбележан денот на Првата механизирана пешадиска бригада

02.04.2018 15:20

Професионализам, врвна обученост и беспрекорно извршување на задачите. „Чест и сила“ е мотото на Првата механизирана пешадиска бригада, секогаш во служба на татковината. Одбележан денот на оваа единица на Македонската армија...

На Денот на Првата механизирана пешадиска бригада, припадниците на оваа најмоќна и највлијателна единица на АРМ се обврзаа дека приоритетите и во иднина ќе им бидат подготвеноста, обученоста и постигнувањето високи резултати.

„Припадниците на Првата механизирана пешадиска бригада и понатаму ќе останеме препознатливи по високиот професионализам, врвната обученост и беспрекорното извршување на задачите, а зборовите „Чест и сила“ кои се наше мото, секогаш ќе не водат во слуќба на татковината“, изајви Бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командант на Првата пешадиска бригада.

И покрај финансиските проблеми, минатата година била исклучително успешна за Првата пешадиска бригада, која покрај редовната обука помагала и на населението при природни непогоди. Постигнати се високите стандарди на НАТО на декларираната средна пешадиска баталјонска група за мисии на Алијансата. Министерот за одбрана вети реформи за подобрување на условите за живот и работа на војниците.

Од Првата пешадиска механизирана бригада порачаа дека АРМ останува најсилната гаранција за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.

Ирина Гелевска