Компаниите незаинтересирани за профит од Авганистан!

24.02.2014 17:26

Според анализите, причина за тоа е што не ги знаат можностите што се нудат на пазарот...

Има можност, нема интерес кај приватните компании да профитираат во пост-мисиите во Авганистан. Според анализите, причина за тоа е што не ги знаат можностите што се нудат на пазарот.

„Ако се здружат претпријатијата во Македонија и ако успеат да конкурираат на тој пазар, значи не да подготви се Владата, туку самите претпријатија доколку се здружат и доколку конкурираат во поставганистанското општество, можат да добијат сите. Владата и владите во регионот може да се јават само како помагачи на оваа активност, но не и водачи бидејќи станува збор за приватен капитал“, вели  професорот Методија Хаџи-Јанев, од Евроатлантски совет.

Шефот на командата на НАТО во Македонија вели дека придонесот на нашите оружени сили во операциите на Алијансата се високо ценети.

„НАТО ја цени и посветеноста за продолжување на овој придонес во периодот по мисијата  ИСАФ  и  истакнува  дека националниот и политички ангажман е многу значаен, вели Александар Александров“, шефот на Командата на НАТО во Македонија.

Интеграцијата во НАТО останува висок приоритет на Владата. За првиот човек на одбраната, од 2008-та, по исполнувањето на бараните критериуми за членство, Македонија де факто се однесува како членка на Алијансата.

„Ние сме целосно подготвени за преземање на обврските и одговорностите што произлегуваат од полноправното членство на НАТО. Сите државни институции ги продолжија подготовките со несмален интензитет и квалитет во повеќе области, вклучително и одбранбените реформи и операции предводени од НАТО“, нагласи министер за одбрана, Талат Џафери .

Со долгорочниот план за развој на одбраната се планира модернизација и доопремување на Армијата.

 

Наташа Гркова-Петрушевска