АНКАРА
Путин пристигна во посета на Турција
03.04.2018 10:31
Путин утре ќе учествува и на состанок за Сирија со неговите турски и ирански колеги, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани.

Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Турција, каде што се поставуваат темелите на првата турска атомска електроцентрала „Акују“ во близина на пристаништето Мерсин.
Објектот го гради руската државна компанија Росатом. Анкара е домаќин и на средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Русија и Турција.
Путин утре ќе учествува и на состанок за Сирија со неговите турски и ирански колеги, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани.
Трите држави се гаранти на примирјето во Сирија, за коешто се преговара во Астана, паралелно со разговорите под покровителство на ОН во Женева.
