Последен воз за еколошки дозволи
За еден месец истекува рокот за вадење на еколошка дозвола. Макстил подготви план и 10 милиони евра за скопјани да дишат почист воздух...

Компаниите го фаќаат последниот воз да ги испочитуваат еколошките закони и да куртулат од катанец. За еден месец истекува рокот за вадење на еколошка дозвола. Макстил подготви план и 10 милиони евра за скопјани да дишат почист воздух. Системот за отпрашување се очекува да ги елиминира штетните честички и да контролира што се излегува низ оџаците.
„Делот околу електролачната печка ќе биде затворен и оделен од оставантиот дел од погонот“, вели Драган Мијалковски, директор за одржување на производествениот погон Челичарница.
„Околу 8 месеци очекуваме да трае изгдарбата на овој систем“, најави Иван Бановски, генерален директор на Макстил.
Макстил најавува дека ќе ја исполни обврската, но и ќе го пробие рокот. Што во тој случај?
„Уште немаме конечна одлука дали ќе се прологира меѓутоа треба да знаеме дека пролонгирањето нема да биде за сите капацитети и за сите производствени планови“, вели Абдулаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање.
Во Македонија има 15 еколошки жешки точки. Според еколозите со филтрите на големите произвдеувачки капацитети ќе се реши една третина од проблемот, ако не се почитуваат и одредбите да се контролира емисијата на штетните честички од автомобилите.
Зимава концентрацијата на штените честички беше 20 пати поголема од дозволеното. Во Македонија најмалку 300 луѓе годишно умираат како последица на загадениот воздух. Според податоците, 20 килограми штетни гасови на годишно ниво вдишува секој жител во македонската метропола.
Наташа Јанчиќ
