ТЕЛ АВИВ
Нетанјаху: Суспендиран договорот со ОН за африканските бегалци
03.04.2018 11:14
Пред последната спогодба, Израел им даде рок до 1-ви април да ја напуштат земјата, за што ќе им беа дадени по 3.500 долари и авионски билет за некоја од африканските земји.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го блокира договорот со Обединетите Нации за преселување африкански мигранти во западните држави и вети состанок со министерот за внатрешни работи и жители на јужниот дел од Тел Авив.
Пред последната спогодба, Израел им даде рок до 1-ви април да ја напуштат земјата, за што ќе им беа дадени по 3.500 долари и авионски билет за некоја од африканските земји.
Во спротивно, се предвидуваше, да бидат затворени на неодредено време. Околу 16.000 Африканци бараат азил во Израел.
