КОСОВО
Пацоли: Косовската влада работи на формирање ЗСО
03.04.2018 11:35
Потенцира дека пред инцидентот во Митровица каде што беше уапсен Марко Ѓуриќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, кабинетот во Приштина почнал активности за сите бриселски договори, вклучувајќи го и ова прашање.

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли тврди дека Владата работи на формирање Заедница на српски општини, но не може да предвиди дали тоа ќе биде остварено за три недели, односно до 20-ти април.
Потенцира дека пред инцидентот во Митровица каде што беше уапсен Марко Ѓуриќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, кабинетот во Приштина почнал активности за сите бриселски договори, вклучувајќи го и ова прашање.
Пацоли го повика српскиот политички фактор да соработува со нив.
