Европа

Германија: Обвинителството бара екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија

03.04.2018 14:20

Канцеларијата на обвинителот на Шлезвиг- Холштајн поднесе барање до Регионален суд по интензивни проверки на европскиот налог за апсење издаден од Шпанија, поради прогласената независност на Каталонија.

Германски обвинители бараат дозвола за екстрадиција на поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Шпанија, каде што е обвинет за поттикнување бунт.

Канцеларијата на обвинителот на Шлезвиг- Холштајн поднесе барање до Регионален суд по интензивни проверки на европскиот налог за апсење издаден од Шпанија, поради прогласената независност на Каталонија.

Пуџдемон беше уапсен во Германија на 25-ти март и оттогаш се наоѓа во притвор во Нојминстер.