Русија
Грушко: НАТО си пукаше в нога
03.04.2018 15:14
Повеќе земји членки на НАТО и ЕУ протераа руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија која ја обвинува Москва за труењето на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

„По претерувањето на руските дипломати од северноатлантскиот пакт, невозможно е да се свика состанок на Советот НАТО- Русија“, изјави рускиот заменик- министер за надворешни работи Александар Грушко.
Според него, со таквата постапка Алијансата „сама себе си си пукала в нога“. Повеќе земји членки на НАТО и ЕУ протераа руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија која ја обвинува Москва за труењето на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Русија негира поврзаност со случајот „Скрипал“.
