Сточарство

Намален сточниот фонд

04.04.2018 10:41

Бројот на добитокот продолжува да се намалува, а кај некој видови да бележи незначителен раст. Минатата година во Македонија имало помало производство на сите видови на млеко, а производството на месото е со зголемување од само 4 проценти...

Во 2017-та година, во споредба со 2016-та, вкупниот број на говеда е зголемен незначително, за само 0,1 процент. Односно кај индивидуалните земјоделски стопанства бројот на говедата кај е намален за 0,5 проценти, додека кај фирмите е зголемен за 2,5 проценти.

Бројот на свињите кај деловните субјекти лани бил помал за четири и пол, а кај земјоделците поголем еден и пол насто.

Состојбата е обратна во овчарството. Бројот на овците кај кај индивидуалните земјоделски стопанства  пораснал само за 1, а кај фирмите се намалил за дури 20 приценти.

Ист е случајот и во козарството. Фармерите имале повеќе кози, а кај деловноте субјекти бројот се проретчил. Намален е бројот и на живината.

Според податоците на статистика, намалено било и производството на кравјо, овчо и на козјо млеко од 0,5 до 14 насто.

 

Методија Трајков