Могерини и Хан на 18-ти и 19-ти април во Македонија
На Дигиталниот самит чиј домаќин е Македонија се очекува учество и на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и на европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан...

Активна политика на европско придружување, овој месец на 18-ти и 19-ти, во земјава се одржува Дигиталниот самит, дел од агендата на ЕУ за приклучување на Западен Балкан. На самитот се очекува учество и на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и на европскиот комесар за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
Премиерот Заев на прес-конференцијата по средбата со премиерот на Словенија, Церар, ја најави посетата на Хан и Могерини.
„Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи после Извештајот што го очекуваме на 17-ти април. Веројатно тоа би било 18-ти април посетата овде, затоа што тогаш тука ќе се одржи Дигиталниот самит. Верувам дека 18-ти и 19-ти април ќе бидат датумите кога ќе биде посетата од комесарот Хан и од високата претставничка Могерини“, рече премиерот Заев како одговор на новинарско прашање.
Самитот се одржува само ден по извештајот на Европската комисија во кој Македонија очекува јасна препорака за членство во Европската унија.
