Бегалски бран од Авганистан ѝ се заканува на Турција
Според податоци на миграциските служби, дневно по околу 500 бегалци ја преминуваат турската граница, и покрај зајакнатите безбедносни мерки.

Турската дирекција за безбедност предупреди дека големи мигрантски групи од Авганистан се движат кон турска територија. Според податоци на миграциските служби, дневно по околу 500 бегалци ја преминуваат турската граница, и покрај зајакнатите безбедносни мерки.
За само три месеци во Турција влегле околу 20 илјади лица од Авганистан. Според информации на турските служби за безбедност, Авганистанците влегувале со други големи мигрантски групи, пристигнувале во Турција од Иран, а потоа пеш преку пограничните области.
Еден дел од мигрантите од Авганистан, меѓу кои имало жени и деца, останувале во Истанбул, каде според локалната полиција, се занимавале со кражби, проституција и работеле илегално во градежништво.
