Решение за името за влез во НАТО
Решение за името пред јулскиот Самит на НАТО за покана за прием во Северноатлантската алијанса, порачаа американскиот амбасадор Бејли и првиот човек на Асоцијацијата за Атлантски договор, Лучиоли. На конференцијата „НАТО и ти“, беше посочено предностите за полноправно членство носат странски инвестиции...

Членството во НАТО е приоритет бидејќи алтернативите се полоши за Македонија. Приклучувањето кон вредностите на Северноатлантската алијанса е насочено кон зголемена безбедност и квалитетна економија.
„Моментот е сега, кога и ние можеме, заради резултатите кои ги постигнавме да ја побараме и вашата поддршка, за Македонија да продолжи да придонесува за безбедноста во регионот, бидејќи видовме неколку пати досега, дека безбедноста на Балканот е безбедност на Европа, а безбедноста на Европа беше почетокот на НАТО алијансата“, рече министерката за одбрна, Радмила Шекеринска.
„Веруваме цврсто дека Македонија ќе влезе во НАТО, и дека Македонија ќе има серизони економски бенефити, пред сѐ придвижување на инвестициите, раст на економијата, намалување на невработеноста“, нагласи министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Македонија работи на реформите и разликата за името да се надмине наскоро, за да може да добие покана на Самитот на НАТО во јули.
„Постои чувство на реална можност, Македонија да се приклучи на Алијансата. Не се чини дека има непремостливи пречки“, смета американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.
„Јас би ги охрабрил сите актери кои се инволвирани во решавањето на спорот со името, да го решат ова прашање не само на политички начин, бидејќи ова е прашање која ја засега целата евроатлантска заедница“, изјави Фабрицио Лучиоли, претседател на Асоцијација на Атлантскиот договор.
На Денот на НАТО кога пред 69 години била потпишана Вашингтонската повелба, Македонија ги претстави документите за членство во НАТО, донесени пред 25 години, како и учеството на АРМ во мировните мисии предводени од Алијансата.
Ирина Гелевска
