Потребна е забрзана динамика на реформите во правосудството
Реформите во правосудството мора да се одвиваат со забрзана динамика, велат од здружението на судии. Првиот човек на Кривичниот суд, Џолев го коментира случајот со поранешниот министер Чавков и вели- промената на адресата за куќен притвор е предвидена во Законот за кривична постапка и може да се направи за пет минути...

Врховниот суд ја определил адресата кадешто екс- министерот Митко Чавков, осомничен за собраниските настани, требал да го издржува куќниот притвор. Полицијата не го нашла на таа локација и затоа Кривичниот совет изрекол потешка мерка, изјави претседателот на скопска единица Иван Џолев.
Рече дека слично е постапено и со осомничениот Јане Ченто, кому поради непочитување на судската наредба, домашниот му е заменет со затворски притвор, иако неговото семејство негираше дека тој се одалечувал од домот.
Џолев потврди дека Законите за судски совет и за судови, за кои идната недела ќе се дебатира во Собранието се веќе пред телото за реформи во правосудството. Заменик-министерот за правда очекува поддршка од опозицијата.
Процесот на реформи во правосудството нема да се развива со динамиката која ја посакуваат граѓаните, оценува врховниот судија Џемали Саити, затоа што, како што наведе, тоа е бавен процес.
Саити посочува дека освен промена на законите е потреба и нивна имплеменација.
Анита Димитријевска
