МЕТЕО: Променливо време за Велигденските празници

04.04.2018 14:59

Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Попладне во делови од земјата врнежите ќе бидат поројни со појава на грмежи...

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и сѐ уште топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. На места се очекува појава на повремен слаб локален дожд.

Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Попладне во делови од земјата врнежите ќе бидат поројни со појава на грмежи, а ќе продолжат и во петок кога ќе дува и засилен северен ветер што ќе предизвика пад на температурата.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска