Влада на РМ

Архивските материјали заштитени, изградба на нов објект е трајно решение

04.04.2018 15:07

Ќе се гради нов објект на Државниот архив поради просториите кои се пренаменети за потребите на Обвинителството, решено е на вчерашната седница на Владата. За две информации за нелегална продажба од ревизорскиот извештај за МЕПСО, Владата го запознала надлежносто обвинителство...

Историското национално богатство нема да биде доведено во опасност, тврдат од Владата. Сета архивска граѓа е добро зачувана и заштитена, бидејќи се наоѓа во депото на стариот објект. Владата донела одлука да се гради нов објект, бидејќи враќањето во старата зграда ќе биде нов проблем, образложи министерката Зорица Апостолска. Просториите во Археолошкиот музеј, не се соодветни за архиварска дејност, а стариот е веќе пренаменет за потребите на Обвинителството за организиран криминал и корупција со лабаратории и истражни центри, рече Апостолска.

Портпаролот Бошњаковски посочи дека Владата го препрати ревизорскиот извештај до Јавно обвинителство за МЕПСО во 2016 година поради сомнеж за сторени незаконски дејствија. Раководството на МЕПСО преплатило имот со површина од над 2.000 метри квадратни, го откупиле во 2013-та година за 4,8 милиони евра, иако две години претходно добиле поевтина понуда од 3,7 милиони евра.

Бошњаковски инофрмираше дека Владата одобрила закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 1 на компанијата „Баумер“. Тоа е 10-та поддршка за странска инвестиција според новата програма на Владата.

Исто така со анекс на договорот склучен со МБПР ќе се намали каматната стапка за банките учеснички од три на два отсто, фиксно годишно ниво, а ќе се намали каматната стапка за крајните корисници од осум на пет отсто.

 

Фиљана Кока