Ќе се подобрува социо- економскиот статус на Ромите
По повод 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, во Битола беше промовирана тригодишната програма на Европскиот совет „Ромактед“, која во партнерски однос со 12 општини треба да го подобри социо-екомномскиот статус на оваа заедница.

Таму каде што завршува асфалтот и продолжуваат прашливите патишта до населбите на најмаргинализираната заедница. Нивните населби не се влезени во урбанистичките планови, а дел од Ромите се без лични документи. Вработувањето, образуванието се само дел од горливите проблеми кои чувствуваат и во 21-от век. Овој пат, со тригодишната програма „Ромактет“ на Европскиот совет тие добиваат можност во партнерски однос со 12 општини, од пасивни да станат активни чинители во напорите за подобрување на нивниот социо- економски статус.
„Ќе се формираат групи на преставници од Ромската заедница и од локалната самоуправа и заеднички ќе ги решаваат горливите проблеми и нема да биде обична листа на желби. Тие самите како активни фактори да ги чувствуваат промените“, вели првиот човек на Демократската развојна асоцијација „Сонце“, Ферди Исмаили.
Во проектот се вклучени и шест регионални фасцилизатори, кои како што велат, со програмата треба да се зајакнат капацитетите, но и да се долови точната перцепција.
„Бидејќи сѐ уште има предрасуди дека сите Роми живеат под социјален ризик, што не е точно. Фокусот кон кој ќе бидиме насочени се вистинските групи кои ги чувствуваат социо- економските проблеми“, вели еден од шесте фасцилизатори, Нешат Аземовски.
„Уште на почетокот од разговорите инсистиравме Ромите да сфатат, дека тоа што се работи е нивно, а ние како општина максимално ќе ги понудиме нашите ресурси“, вели претседавачот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.
Според неофицијалните сознанија, во Европа има од 12 до 15 милиони Роми. Програмата ќе се имплементира во земјите од Западен Балкан и Република Турција. Кај нас, отпочна на 19-ти минатиот месец, со потпишувањето на Договорот за разбирање од страна на надлежните.
Стевче Митревски
