Средба Иванов- Церар, потврдени одличните односи меѓу двете земји
04.04.2018 15:39
Иванов на средбата со Церар посочил дека очекува уште поизразена поддршка од Словенија за деблокирање на евроатлантската перспектива...

Претседател Ѓорге Иванов оствари средба со словенечкиот премиер, Миро Церар. Потврдени одличните односи меѓу двете земји, констатирано дека е потребно интензивирање на економската соработка и на трговската размена, како и поттикнување на инвестициите од двете држави.
Иванов на средбата со Церар посочил дека очекува уште поизразена поддршка од Словенија за деблокирање на евроатлантската перспектива на Македонија.
