Градежните компании бараат општините побрзо да ги издаваат потребните дозволи
Градежниот сектор уверува- зајакната е примената на стандардите при изградба на објекти. Потребни се засилени контроли. Компаниите побараа општините побрзо да ги издаваат потребните дозволи...

Општините да го придвижат процесот со издавање одобренија за градба, градежните компании трпат штети- апелира бизнис еснафот од градежниот сектор. Падот на бизнисот го препишуваат на политичката криза.
„Политичките случувања во 2017-та година значително ја намалија градежната активност и ги забавија градежните проекти на државата и на општините. Истовремено, општините го успорија издавањето на дозволите за градба, чиј број и во изминатите месеци, според статистичките податоци, постојано се намалува“, вели Ивица Јаќимовски, претстедател на Градежната комора на ССК.
Градежните тврдат дека се применуваат техничките стандарди при градба, се вршат строги контроли и лабораториски испитувања. Ќе се подигаат стандардите на повисоко ниво, согласно европските. Комората потпшиша меморандум. Се обврза, ќе се прават анализи, ќе се градат сеизмички стабилни и сигурни објекти.
„Доколку се применуваат техничките стандарди, онака како што се напишани ќе има сеизмички стабилни и сигурни објекти. Токму затоа, се залагаме за доследна примана на стандардите. Знаеме дека стандардите се малку застарени и сме во период на имплементација околу примената на новите стандарди што ги налага ЕУ, како еврокодовите, кои се квалитетен чекор напред во подигнување на квалитетот на техничката регулатива за овој значаен сектор“, посочи Влатко Шешов, директор на ИЗИИС.
Менаџерите на гардежни компании одлучија, ќе користат кадри од Градежниот факултет, со нив ќе работат на анализите за повиоски стандарди и поквалитетна изработка на проектите.
„Со овој меморандум се отвора можност за една посериозна пракса која студентите ќе може да ја извршуваат во компаниите од областа на градежништвото, кои се членки на оваа градежна комора“, изјави Дарко Мославац- декан на Градежен факултет.
Државната статистика објави- во јануари годинава издадени биле само 189 одобренија за градба, за речиси 49 насто помалку во однос на истиот месец минатата година.
Сузана Фиданска- Стоевска
