Трговска војна: САД се заканија на Кина со царина за 1.300 производи
04.04.2018 16:44
Вашингтон тврди- целта е да го принудат Пекинг да ја почитува интелектуалната сопственост.

Соединетите Американски Држави ѝ се заканија на Кина со царина за 1.300 производи. Се таргетираат индустриската технологија, сообраќајот и медицината.
Вашингтон тврди- целта е да го принудат Пекинг да ја почитува интелектуалната сопственост.
Листата на производи вклучува речиси 50 милијарди долари од проценетиот увоз за 2018-та година.
